| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Во Русија пребегале 110.000 лица од Украина

Од почетокот на годината вкупно 110.000 луѓе ја напуштиле Украина и пристигнале во Русија, но од таа бројка само 9.500 официјално побарале статус на бегалци, соопштија денеска Обединетите нации.

obedineti-nacii-600x360

Според податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР) уште 700 дражавјани на Украина заминале за Полска, Белорусија, Чешка и Романија.

– Само минатата недела своите домови во источниот дел на Украина ги напуштиле 16.400 луѓе, наведувајќи ги како причина влошувањето на ситуацијата и стравувањата дека би можеле да бидат киднапирани, изјави портпаролот на УНЦХР, Мелиса Флеминг на прес- конференцијата во Женева.

Таа додаде дека бројот на интерно раселените во Украина порасна на 54.000 луѓе и дека таа бројка во последно време значајно се зголемува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top