| четврток, 6 декември 2018 |

Кабинетот на премиерот ќе ангажира советници и лица на раководни позиции

Кабинетот на премиерот денеска објави два јавни повици за ангажирање на лица на раководни и нераководни позиции и за советници во повеќе области. И двата јавни повици стартуваат со важност од денеска и ќе траат до 14 јули.

aleksandar gorgiev

Како што информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, сите лица што имаат соодветно образование, што поседуваат квалитет и способност и што мислат дека можат да придонесат во реализација на реформите и во реализацијата на владините политики и мерки, имаат право и можност да конкурираат.

– Процесот на апликација е единствено по електронски пат, сите заинтерсирани лица и за двата повика ќе можат да аплицираат  со поднесување на својата апликација на веб-страната на Владата на Р.М, со пополнување на специјализиран формулар – истакна Ѓорѓиев.

Владиниот портпарол посочи дека ангажирањето на новите лица е во функција на проширување на човечкиот потенцијал на Кабинетот на премиерот со цел реализација на владината програма за наредниот период, која е обемна.

-Даваме еднаква шанса за сите што сакаат да аплицираат. Нема да има никакво фаворизирање. Единствен критериум при изборот ќе бидат личната способност, стекнатото образование, познавањето странски јазици и потенцијалот на самиот кандидат – потенцира Ѓорѓиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top