ПС Струга поднесе кривична пријава за А.В. (48) поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Пријавениот, во текот на 2009 година, во својство на одговорно лице раководител на работната единица „Колектор“, овозможил продажба на старо железо, при што на Јавното претпријатие „Проаква“ му нанел штета во износ од 1.051.500 денари.
Противправната постапка ја направил иако знаел дека за таквите продажби треба да формира посебна комисија, да објави тендер, но и да има претходна одлука на Управниот одбор на претпријатието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.