| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една трагедија во семејството на Лијам Нисон

Внукот на познатиот актер Лијам Нисон, 31-годишниот Ронан Секстон е во критичка состојба откако се здобил со тешки повреди на главата при пад во текот на забава со пријателите, објави „Дејли телеграф“.

Според британскиот весник, Секстон повредите ги здобил кога паднал од телефонска говорница на која се обидел да се качи во алкохолизирана состојба во раните утрински часови.

Медиумите пишуваат дека ова е уште една трагедија во животот на Нисон, кој во 2009 година ја загуби сопругата, 45-годишнната актерка Наташа Ричардсон, која почина при скијачката несреќа во Канада.

Ронан, кој е син на сестрата на Нисон, Бернадет Секстон, моментно се наоѓа во болницата во Харствуд парк во Сасекс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top