Полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север и од Секторот за внатрешни работи Тетово, вчеравечер спроведоа заедничка акциска контрола во угостителскиот објект „Ерди босс“ во село Желино, сопственост на Ј.Ф.( 37 ) од ова село.
При акцијата во објектот биле затекнати три албански државјанки од Кукс, кои биле ангажирани како пејачки, тие немаледокументи за вршење таква дејност, со што направиле прекршок според Законот за странци.
Во акциската контрола, исто така, затекнати се и седум женски лица од различни градови од нашата земја, кои нелегално работеле во објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.