Гостиварската полиција во еден локал во село Чегране затекнала повеќе женски лица кои нелегално работеле како пеачки и танчерки. Од СВР Тетово информираат дека утрово во периодто од 2 до 4 часот, била спроведена акциска контрола во угостителскиот објект „Баке-ком ДООЕЛ“ во сопственост на А.Н. ( 47 ) од ова село.
При контролата, која била спроведена во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, во објектот биле затекнати 13 женски лица, пејачки и танчерки, од кои 10 албански и три македонски државјанки.
Поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка, додека македонските државјанки, по кусо време се пуштени.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.