| четврток, 6 декември 2018 |

И во НБА се греши, ги измешаа Богдан и Бојан Богдановиќ

И во една од најдоброорганизираните лиги на светот, НБА, се случуваат грешки, а ноќеска на организаторите на драфтот им се случи кикс. Феникс санс го одбра како 27 пик во првата рунда кошаркарот на Партизан, Богдан Богдановиќ, а при презентацијата беше пуштено видео со најдобрите потези на неговиот презимењак Богдановиќ Бојан од Фенербахче.

Први да избираат имаа право челниците на Кливленд кавалирс и тие го драфтуваа Ендру Вигинс. По нив Милвоки бакс го одбраа Џабари Паркер, во Филаделфија замина Жоел Ембид, Орландо го ангажираше Ерон Гордон, а како петти пик во Јута оди Данте Ексум. Интересно е што од европските кошаркари овојпат имаше неколкумина во првиот круг.

Дарио Шариќ од Цибона како 12. пик го засили Орландо, Јусуф Нуркиќ замина за Чикаго како 16-рангиран на драфтот, а 27. пик беше Богдановиќ во Феникс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top