Веќе два часа гори фабриката за кекси и вафли „Виго 48“ во Битола. Последните информации говорат дека фабриката се уште гори, а на терен веќе се противпожарните служби.
Пожарот кој избувнал околу 13 часот и 45 минути, најпрво се појавил кај оџакот на фабриката и забрзано почнал да се шири на кровната конструкција.
Вработените од првата смена во фабриката се евакуирани и нема повредени.
Пожарот се уште беснее и е изгорена повеќе од половина од кровната контрукција.
Според вработените, дополнителен страв влева тоа што позади фабриката постои боца со големи количини на плин и се стравува од евентуална експлозија.
Фабриката „Виго 48“ која под ова име е рестартирана во 2007 година, има долгогодишна традиција започнувајќи од 1948-та како Прогрес – Битола.
Повеќе информации за состојбата во фабриката се очекуваат подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



