Македонскиот џез музичар Зоран Маџиров, неодамна во Минхен од последниот баварски принц Мануел Први ди Нардо, доби орден за високи заслуги како оригинален и единствен уметник кој неуморно работи врз ширење на музичката културата низ целиот свет. Признанието се совпаѓа со неговата непрекината серија на глобални перформанси и посебно со завршувањето на неговиот нов студиски проект.
Маџиров ова значајно германско признание го доби за посебни истакнувања во полето на музиката, како оригинален и единствен музичар, како и за неговото неуморно ширење на музичката култура низ целиот свет, и тоа во последните 25 години колку што трае неговата интернационална кариера. Притоа особено била потенцирана неговата порака дека уметниците, секој на свој начин, носат цивилизациска одговорност за правење на планетата Земја како поубаво место за живеење.
-Директно ги фасцинира мојата музика, мојата необична интерпретација и јас како човек и интелект. Искреноста допре до нивните срца бидејќи ние имаме километарски социјални, културни и цивилизациски разлики, така што тие ете спонтано се одлучија тоа да го добие еден Македонец. Сметам дека не само јас, туку и Македонија на тој начин деновиве е победник и носител на големо признание бидејќи уште еднаш пред светот и на светот му покажавме кој сме и што сме, вели Маџиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



