Населените места кои гравитираат кон Скопје отсега ќе бидат поблиску до службите на МВР. Полицијата преку мобилните станици ќе ги решава локалните безбедносни проблеми. Oвој проект ќе се имплементира на подрачјето на седум полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, кои покриваат околу 140 рурални населени места.
Полицијата ќе биде постојано присутна со возило, т.н. мобилна полициска станица, каде граѓаните ќе можат да побараат совет, одредена помош или информација која им е потребна. Возилото ќе биде опремено со сите потребни обрасци и документи, потребни за функционирање на овие мобилни полициски станици.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со градоначалниците на Град Скопје, Петровец, Арачиново, Илинден и Гази Баба, Коце Трајановски, Борче Митевски, Ибраим Ајвази, Жика Стојановски и Тони Трајковски во придружба на претседателите на општинските совети го промовираа новиот проект „Мобилни полициски станици“.
– Секоја мобилна полициска станица ќе има точно утврдена агенда во соработка со локалната самоуправа. Граѓаните ќе бидат информирани во кој дел од денот мобилната полициска станица ќе биде во нивното населено место за да може да се обратат до полициските службеници, да побараат совет, да побараат одредена помош и да побараат информација за сето она што им е потребно, изјави Јанкулоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил


