Битолчанката Верка Дучевска доби половина милион денари играјќи го инстант лозот „Детелинка“. Таа по 21 година работа како продавачка останала без работа. Во исчекување на уште четири години кои ја делат од пензија, Верка редовно трага по среќата, играјќи ги игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија.
Среќниот лоз го купила во Битола. До него стасала по претходни два обиди кои ѝ донеле помала добивка, а таа ги прифатила како предизвик да продолжи да игра. Верка открива дека ќе ја искористи да ги израдува членовите на своето семејство. Сега има друг предизвик – да освои милион денари, најголемата добивка во инстант лотаријата „Среќни коцки“ или седумка на „Новолото“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


