| четврток, 6 декември 2018 |

„Гемиџии“ во Велес добива нов лик

Во рамки на посетата на Велес премиерот Никола Груевски изврши увид во градежните работи на реконструкцијата на мостот „Гемиџии“.

Реконструкцијата на мостот почна во февруари годинава. Ова е прва негова посериозна и целосна санација, а инвестицијата е во вредност од речиси 32 милиони денари.

Мостот е изграден во периодот меѓу 1958 година и 1960 година. Долг е 172 метра, широк 11,3 метри, а ширината на коловозот е седум метри. Досега со исклучок на малата поправка од пред шест-седум години, не е целосно саниран.

Санацијата се одвива во неколку фази и е предвидено да трае една година.

Mостот имаше видливи оштетувања на бетонските површини, коловoзите и на тротоарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top