За секогаш витата става и телото во форма на песочен часовник на оваа холивудска убавица се зборува со децении. И на 73-годишна возраст Ракел Велч не престанува да биде пример за тоа како треба да изгледа една актерска ѕвезда.
Актерката вели дека за својата стегната става работи напорно и секојдневно.
– Секое утро вежбам јога, обично станувам околу 6 часот наутро, се протегнувам и правам вежби за дишење. Потоа се чувствувам подготвено за карди-тренинг и вежби со тегови. Вежбам шест дена во неделата по два часа и го обожавам тоа. Се чувствувам феноменално и полна со енергија. Ако не го користите своето тело, ќе го загубите – вели Велч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


