Лидерот на грчката Партија на екологистите Димостенис Вергис е осуден на 37 години и шест месеци затвор откако атинскиот Апелациски суд го прогласи виновен за незаконско поминување низ државен имот и фалсификување официјални документи со кои твдел дека е сопственик на 452.000 квадратни метри земјиште во близина на езерото Маратон, североисточно од Атина.
Вергис, кој во Грција често е во медиумите поради неговите илегални активности, исто така е казнет со 150.000 евра, со тоа што судиите истакнаа дека го уважуваат фактот дека никогаш досега не е осуден за кривично дело.
Спорното земјиште е во општината Агиос Стефанос и неговата вредност се проценува на повеќе од осум милиони евра. Исто така е заведено и како шумско земјиште и и припаѓа на државата.
Вергис со години тврдел дека е сопственик на земјиштето со презентирање на фалсификувани документи кои му овозможиле да гради на локацијата. За време на пресудата, тој не бил присутен во судот и издаден е налог за негово апсење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



