| четврток, 6 декември 2018 |

Трилерот „Студениот јули“ од 10 јули во кината во Македонија

MV5BMTc4NTU4MTY2Nl5BMl5BanBnXkFtZTgwNDM5MjQ2MTE@._V1_SY317_CR0,0,214,317_AL_

Возбудливиот трилер „Студениот јули“ од 10 јули ќе почне да се прикажува во кината во Македонија. Мајкл К. Хол, Сем Шепард и Дон Џонсон го сочинуваат неверојатното трио во сјајниот филм на режисерот Џим Микл „Студениот јули“.

Џим Микл речиси направи чудо со минатогодишниот филм „Ние сме тоа што сме“ (We Are What We Are), римејкот на класикот кој не само што доби добри критики, туку и самиот филмски материјал е неповторив и иновативен. Неговиот четврти филм „Студениот јули“ (Cold In July),  конечно, стигнува во кината по неколку години работа и претставува вистински, возбудлив, вестерн филм.

Мајкл К. Хол го толкува ликот на Ричард Дејн, скромен, обичен човек, чиј живот почнува да се распаѓа кога случајно ќе застрела еден неканет гостин во неговата куќа. ,,Прстот само ми се лизна“, објаснува во шок, додека локалната заедница едвај чека да му додели заслуги за херој. Не се покрева прашање за обвинение против него, локалните полицајци се, во најмала рака, благодарни што уште еден престапник им е симнат од грбот.

Нивната рамнодушност е дадена како контраст на шокот на Ричард и неговото чувство на вина и убедливо имплицира на законите за оружје во САД. Случајно или намерно, убиството на невооружениот неканет гостин претставува злосторство кое може да помине неказнето – но, политиката брзо се потиснува во втор план, додека таа, наизглед, јасна премиса се претвора во филм со многу неочекувани пресврти. Откако таткото на убиениот (Сем Шепард/Sam Shepard) ќе дојде во градот, за да изнесе некои скриени закани, Ричард сфаќа тој е само пион во една многу поголема и ужасна игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top