| четврток, 6 декември 2018 |

Млади скопјани пцуеле полицаец

Денеска на ул.„Јужен булевар“ во Скопје од страна на полициски службеник било сопрено патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.П. (25) од Скопје и при издавање платен налог за сторен прекршок, истиот заедно со неговиот сопатник во возилото П.С. (24) кон полицискиот службеник се обратиле со заканувачки, погрдни и вулгарни зборови.

Тие, и покрај предупредувањето да престанат со навреди, продолжиле, по што биле приведени.

По целосно расчистување на случајот, против Н.П. и П.Ц. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top