| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен директорот на една од најголемите приватни банки во Тирана

Во центарот на Тирана денеска е убиен директорот на Банка Крединс, една од најголемите приватни банки во државата.

Tirana-Albania

Артан Санто, еден од основачите на банката, бил убиен додека влегувал во канцеларијата, соопшти полицијата.

Според сведоци на кои се повикуваат албански медиуми, две лица на мотор зборувале претходно со Санто, а потоа во него испукале шест куршуми. Мотивот за убиството засега е непознат. Санто (58) беше директор на банката 11 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top