| четврток, 6 декември 2018 |

Сакале да украдат автомобил, ама мануелниот менувач ги премислил

Ненси

Тројца тинејџери од Сиетл се осмелиле да украдат автомобил на една баба, но не сметале на она што ќе го затекнат во возилото.

Имено, трите момчиња побарале клучеви од автомобилот на Ненси Фредериксон (70), вперувајќи ѝ пиштол во главата. Сепак, крадците не отишле подалеку од паркингот бидејќи првпат во животот виделе мануелен менувач.

– Имам мануелен менувач со пет брзини и тие не успеаја да сфатат како тој функционира – рекла Ненси, која сега се смее на целиот инцидент.

Крадците, по неколку безуспешни обиди да гпо придвижат автомобилот, се откажале и избегале од паркингот оставајќи ги клучевите во автомобилот.

Ненси 2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top