Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на општина Велес.
Во рамките на посетата претседателот на Владата во 11 часот ќе изврши увид во градежните работи на реконструкцијата на мостот „Гемиџии“. Потоа во 11 часот и 15 минути ќе присуствува на промовирање на завршениот проект за модернизација на теренот на Градскиот стадион во Велес.
Груевски во 11 часот и 40 минути ќе присуствува на промоција на новоизградениот парк „Васил Главинов“ и во 12 часот ќе присуствува на пуштање во употреба на новиот објект на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



