| четврток, 6 декември 2018 |

Поезијата на Никола Маџиров во светската антологија на 50 најубави песни за љубовта

Nikola Madzirov

Поезијата на Никола Маџиров е во изборот на светската антологија на 50 најубави песни за љубовта напишани во последните 50 години, која премиерно ќе биде претставена во „Ројал фестивал хол“ во Лондон на 20 јули.

Освен Маџиров, во антологијата се вклучени и песни од нобеловецот Дерек Волкот, Маргарет Етвуд, Маја Ангелоу, како и од венцоносците на Струшките вечери на поезијата: Тед Хјуз, Тадеуш Ружевич, Ив Бонфоа, Вилијам Мервин и Ко Ун.

Никола Маџиров, освен што ќе настапи на промоцијата во „Ројал фестивал хол“, три дена пред тоа ќе чита во „Квин Елизабет хол“ во Лондон на отворањето на поетското биенале „Поетри интернешнел“ основано од Тед Хјуз во 1967 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top