| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовна кавга завршила со нож кај Чаирчанка

На автобуската станица кај трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје денеска се случил инцидент во кој седумнаесетгодишна девојка била прободена со нож .

Според МВР  девојката била нападната од нејзин познаник, две години постариот С.Б. од Скопје.

Според скопската полиција, девојката била удрена со нож во  бутот на левата нога, по што веднаш е пренесена во Градската хируршка клиника „Св. Наум Охридски“, каде што и’ е укажана лекарска помош.

Полицијата презема мерки за расветлување на инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top