| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-НП и уште 7 други политички партии престануваат да постојат?

ljubco-georgievski111photobyvmronp

Најмалку 8 политички партии се бришат од регистарот на политички субјекти во државата по разни основи, јавува Сител.

Според неофицијални информации, една од последните одлуки на претходниот министер за правда била потпишувањето одлука за бришење од регистерот на следниве политички партии: ВМРО-НП, СДСУ, Обединети Роми, Демократска унија на Ромите,Нова алтернатива, Нова демократија, СДУ и ДУА.

Според изворот, најголемиот дел од овие партии не успеале да соберат 1000 потписи на членови. Според Законот за политички партии, партиите мора да го докажуваат политичкиот легитимитет со потписи на секои 4 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top