Холандските популарни квартови-црвените светилки и кофи шоповите, места кадешто се продаваат секс и дрога, и носат на домашната економијата две ипол милијарди евра приходи годишно, што е повеќе од заработувачката од сирењето, објавија холандските власти.
Официјалните податоци објавени во средата според новите европски насоки покажуваат дека наведената индустрија на Холандија учествува со 0,4 отсто од бруто домашниот производ.
„Тоа е нешто малку помалку од вкупната потрошувачка на лебот, а веројатно е повеќе од потрошувачката на сирење“, рече портпаролот на заводот за статистика Петер Хајн ван Милинген.
Применети се новите статистички правила на Европската унија, кои меѓу другото бараат вклучување на проценките за заработката од проституција и дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


