Во ресторанот „К’смет“ на ул. „50 Дивизија“, во близина на Министерството за здравство, во недела вечер избувнал пожар во кој изгореле дваесетина метри квадратни.
Во пожарот нема повредени, а материјалната штета се проценува на 40.000 денари. Причините за избувнување на пожарот сé уште се утврдуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


