| четврток, 6 декември 2018 |

Стивен Сигал се забавуваше на белградски сплав со поп-пејачката Наташа Шавија

Холивудската мега ѕвезда Стивен Сигал по успешниот концерт со својот бенд славеше на сплавот “Fristajler” во Белград.

На забавата се уживало до раните утрински часови. Тој пристигнал еден час по полноќ на сплавот на која била организирана специјална забава, во сепаре кое било резервирано за актерот каде им се придружиле многу девојки.

stiven-sigal-foto-pr-1403719239-523125

На масата на секои неколку минути се сменувале шишиња Dom Perinjon а видно расположената екипа понесена од атмосферата скокала по сепарето, велат очевидци. Сигал не знаел на која од девојките да и се посвети, пa со дел од нив разговарал, а со дел заиграл. Иако видно уморен не сакал да ја напушти забавата до шест часот наутро, кога се упатил во хотелот во женска придружба. Сигал од многуте девојки во еден момент ја повлекол кон себе младата поп-пејачка Наташа Шавија која заврши кај него в скут.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top