Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, го потврди она што го знаеме од практиката, а тоа е дека ветото останува привилегија на една земја-членка. Ова е одговорот на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, по денешната одлука на Северноатлантскиот совет (НАК) на Алијансата, на септемврискито Самит на НАТО во Велс, Македонија повторно да не добие покана за членство, ниту некој од останатите три земји-аспиранти, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Министерот Попоски, кој во моментов е во седиштето на НАТО во Брисел на состанок на НАК со шефовите на дипломатиите на земјите-контрибутори во ИСАФ-мисијата во Авганистан, со разочарување ја прими информацијата лиферувана од Расмусен, дека нема да има проширување на Самитот во Велс, кој доаѓа шест години откако на Самитот во Букурешт во 2008 година, НАТО утврди дека Македонија ги исполнува сите услови да стане членка на
најголемата воено-политичка организација на светот, но дека поради ветото од страна на Грција, тоа не може да се случи додека не се реши наметнатиот спор за името.
– Македонија нема никаков друг предизвик кон членство, освен да помогне во внесувањето малку разум кај прекршувачот на меѓународното право во нашите сојузнички редови – додава македонскиот шеф на дипломатијата во изјава за МИА.
Како што е познато, освен Македонија, покана за членство на претстојниот Самит очекуваа и Црна Гора и Грузија, но и овие земји останаа да чекаат, со оглед на тоа што, како што истакна генералниот секретар Расмусен – треба да исполнат уште многу услови. Во случајот со Македонија, не се работи за ниту еден технички или политички услов или критериум, туку само за условот под диктат на Грција да го промени уставното име.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток