| четврток, 6 декември 2018 |

Словенечкиот Врховен суд го одби Јанша

janez-jansa-600x272Словенечкиот врховен суд го отфрли барањето на премиерот Јанез Јанша да се спроведе судска забрана на извештајот на Антикорупциската комисија во кој тој и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ се обвинети за прикривање на нивната имотна состојба.

Антикорупциската комисија соопшти дека добила информација за пресудата на Судот во кој е поддржана претходната одлука на Административниот суд во Цеље кој во февруари донесе одлука дека не постои ниту една причина судски да се забрани извештајот на антикорупциската комисија од јануари.

– Јанша не успеа да укаже на можноста дека комисијата прекршила негови човекови права и дека му е нанесена ненадоместлива штета, соопшти комисијата цитирајќи одлука на Врховниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top