| четврток, 6 декември 2018 |

Народен првобранител: Глувонемо дете во институција за посебни потреби врзувано со јаже

dete

Глувонемо дете било врзано со јаже во институција за деца и лица со посебни потреби, изјави денеска народниот правобранител, Иџет Мемети.

Во институциите за лица со посебни потреби нема доволно обучен кадар за грижа за лица од различни категории според специфичноста на нивните потреби.

– Центарот за социјални работи носи погрешни решенија, ја промашила институцијата. Наместо детето да биде сместено во институт за лица со попречен вид и слух, тоа било сместено во овој институт каде и било врзано со јаже –  изјави Мемети.

Според годишниот извештај лани биле остварени 93 превентивни посети на места за лишување од слобода или места каде е ограничена слободата на движење. Покрај ова остварени се и 32 ненајавени дневни и ноќни посети, од кои 16 редовни и исто толку контролни и дека за истите се доставени посебни извештаи со препораки и укажувања.Посетени биле 10 полициски станици, 7 затвори, еден воспитно – поправен дом, 3 гранични премини, 2 центри за странци и азиланти, 3 институции за лица со посебни потреби, 4 институции за згрижување на деца, Клиника за психијатрија и Царинска управа.

При посетите во некои од институциите биле констатирани лоши услови или одредени неправилности, испратена е препорака, а дел од институциите веќе ги имаат преземено потребните мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top