Алтернативниот бенд од Тетово „Хај контрол“ (High Control) во петок, 27 јуни, во коктел барот „Тихуана“ во Тетово, ќе го промовира својот нов, трет студиски албум насловен „Спомени“. Албумот содржи 10 песни од кои што неколку веќе се промовирани во етерот, а за кои веќе постојат и видеоспотови.
Промоцијата со почеток во 22:00 часот, ќе биде од комбиниран карактер, и тоа настап во живо во акустична верзија, преслушување на албумот, како и мултимедијална видеопроекција.
Бендот во состав Роберт Матовски, Игор Мариниќ, Гоце Симоноски и Дамир Ибраимоски, веќе постои на сцената повеќе од седум години, зад себе има неколку стотици настапи меѓу кои и настапи на престижни фестивали како што е „Егзит фестивал“ во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.