Во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Македонија, согласно планираните активности од страна на повеќе институции, се спроведоа заеднички контроли на објекти каде што се врши продажба на огревно дрво.
Во контролите беа вклучени вкупно 827 полициски службеници од кои 506 униформирани полициски службеници, 251 припадници на крим- полицијата и 70 припадници од Посебните единици на полиција. Исто така во активностите беа вклучени и 110 инспектори од Управата за јавни приходи, 78 инспектори од Државниот пазарен инспекторат, 25 припадници на Државниот инспектори за шумарство и ловство, а по потреба се вклучуваа и припадници од Трудова инспекција и Шумската полиција.
Согласно планираните мерки и активности од страна на секторите за внатрешни работи планирано беше да се извршат контроли во 241 објекти, каде што се врши продажба на огревно дрво, а контроли се извршија во 232 објекти (во Скопје-34, Куманово-26, Тетово-21, Велес и Струга по 17, Берово и Прилеп по 12, Радовиш-11, Струмица-10, Гостивар-9, Кавадарци, Орхирд и Штип по 8, Кочани-7, Битола и Делчево по 5, Неготино-4, Виница, Демир Хисар и Свети Николе по 3, Валандово, Крушево и Свети Николе по 2 и Гевгелија, Кичево и Македонски брод по еден објект. Во 9 објекти контролата не беше спроведена бидејќи објектите беа затворени.
За време на контролите од страна на Управата за јавни приходи согласно Законот за готовинско плаќање прекршоци се констатирани во 59 објекти (11 – Велес, 10 – Скопје, 7- Тетово, 6 – Струга, 4 – Кочани, 4 – Демир Капија, 4 – Берово, 4 – Гостивар, 3 – Штип, 2 – Охрид, 1 – Струмица, 1 – Радовиш, 1 – Куманово и 1 – Кичево), за кои се донесени решенија за затворање и се изречени глоби од по 3.250 евра (2.500 евра за правното и 750 за одговорното лице во правното лице) или во вкупна вредност од 191.750 евра. Исто така, во три складишта во Тетово, Струга и Гостивар е утврдено дека не се води дневен финасиски извештај за што се изречени 3 глоби во вкупен износ од 8.400 евра. Државниот пазарен инспекторат констатираше 83 прекршоци од Законот за трговија и Законот за метрологија (Скопје – 12, Струга – 10, Куманово – 9, Штип – 6, Берово – 6, Велес – 6, Охрид – 5, Тетово – 5, Кичево – 4, Гостивар – 4, Прилеп – 4, Делчево – 3, Виница – 3, Радовиш – 3 и по еден прекршок во Струмица, Валандово, Гевгелија и Македонски брод) при што се изречени глоби во вредност од 173.600 евра.
Министерството за внатрешни работи чија основна улога беше овозможување безбедно и непречено одвивање на контролите, како и координирање на државните институции, досега документираше едно кривично дело на подрачјето на Битола по член 235 ст.3 од КЗ, потоа против еден сопственик на складиште на подрачјето на Велес ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка за сторен прекршок по чл.4 од ЗППЈРМ, а во четири случаи при сообраќајна контрола се откриени возила кои нелегално пренесувале дрва.
При преземање на мерките затворени се 22 објекти – складишта за продажба на дрва, најмногу на подрачјето на Тетово – 8, Велес – 6, Струга – 5, Охрид – 2 и Струмица – 1. При спроведување на контролите одземени се вкупно 331,8 метри кубни нежигосано огревно дрво. Најмногу се одземени на подрачје на СВР Куманово 117,2, СВР Охрид 64 метри кубни, СВР Тетово 47, Штип 43,5, СВР Струмица 35,7, Скопје 15,4 и Битола 6 метри кубни. Исто така, при акцијата се одземени четири товарни моторни возила (од кои две ТМВ се одземени од ПО за БПС Виница и по едно од страна на ПС Тетово и ПС Охрид) и едно патничко моторно возило одземено од ПС Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!
-
Внимавајте каде се движите, скопската полиција денеска овде казнува несовесни пешаци (ФОТО)
-
Во време на мораториум до Влада се сечат дрва за да се креваат згради (галерија)(видео)
-
Внимавајте, полицијата најмногу казнува за ова…