Според извори блиски на управата на Лос Анџелес Клиперс, тренерот Док Риверс планира да направи вистински бум-трансфер ова лето.
Како што пишува „Лос Анџелес Тајмс“ мета на тимот од „Стејплс Центар“ е никој друг туку само Леброн Џејмс.
За да го донесат најдобриот кошаркар во нивние редови, лидерите на Клиперс се спремни во Мајами да ја пратат атрактивната машина за забивање, Блејк Грифин.
– Клиперс се подготвени во Мајами да ги пратат Блејк Грифин и Џерард Дадли или Мет Барнс. Подготвени се на било каков договор, само за да дојдат до Леброн – вели извор кој поради правилата на НБА не смее да го открие идентитетот.
Леброн вчера го искористи правото од договорот и стана слободен играч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


