Американските компании „Гугл“ и „Мајкрософт“ вградиле опција за „уништување“ во своите оперативни системи за мобилните телефони.
Опцијата за „уништување“ е метод со кој телефонот, во случај на кражба, станува целосно неупотреблив.
Засега оваа опција му овозможува на корисникот да реагира преку сервисот со кој се пристапува по пат на интернет од било кој компјутер.
Имено, корисникот може кога ќе се логира на налогот, од својот телефон да ги избрише сите лични податоци, да ја оневозможи работата на телефонот без посебна авторизација или да оневозможи повторно вклучување
без дозвола на претходниот сопственик.
Оваа опција наскоро ќе биде достапна за корисниците на апарати со оперативен систем Андроид и Виндоуз Фоун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меј, Меркел, Ердоган и Рама на мобилен телефон го гледаа полуфиналето на СП (видео)
-
Вознемирувачко видео: Лифт и ја откина ногата зошто гледаше во мобилниот телефон
-
Зошто дигиртонот и телефонот имаат различен распоред на броевите?
-
7 тајни опции кои ги има секој телефон, а за кои не знаат 95% од корисниците