| четврток, 6 декември 2018 |

Рок бендови меѓу скопските улични музичари

ulicni muzicari

Традиционалениот настан на Универзална Сала во Скопје, Скопски улични музичари годинава ќе се збогати со настап на рок бендови.

Бендовите ќе настапуваат секој петок (20.30 до 22.30 часот) и сабота (претпладне од 10 до 12 часот), до крајот на септември.

Целта на Градот Скопје и Универзалната Сала е да се разбие летната викенд монотонија на градот, да понуди едно богато музичко освежување на своите граѓани и забава под отворено небо за сите генерации.

В петок, 27 јуни, летните рок-свирки ќе ги отвори бендот „Пазл“ (Puzzle) на Плоштадот Македонија со почеток од 20.30 часот .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top