| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко не ја исклучува можноста за предвремен прекин на примирјето во Украина

Претседателот на Украина, Петро Порошенко не ја исклучува можноста за предвремен прекин на еднострано прогласеното примирје во источните делови на земјата.

Ukrainian Presidential candidate Petro Poroshenko in Berlin

Во соопштението од Кабинетот на Порошенко се истакнува дека и покрај преземената обврска да го почитуваат примирјето борците од Доњецката Област соборија хеликоптер на украинската армија, при што загинаа девет луѓе.

Во соопштението се истакнува дека од објавувањето на мировниот план на украинскиот претседател 35 пати било отворен оган.

– Поради постојаното кршење на режимот за прекин на огнот вечерва претседателот издаде наредба за возвраќање на огнот и тој не ја исклучува можноста за предвремен прекин на примирјето, се посочува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top