Во голема акција на американското Федерално истражно биро (ФБИ) спроведена во околу сто градови минатата недела, пронајдени се 168 деца кои се занимаваат со проституција и идентификувани се 281 макроа, објави денеска Министерството за правда на САД.
– Секое дете заслужува да биде живо и здраво, а со мерките, како што е оваа акција ширум земјата, можеме да го завршиме циклусот на жртвување – изјави директорот на ФБИ, Џејмс Комеј.
Најголем број на уапсени и пронајдени жртви имало во Атланта во Џорџија, во Кливленд во Охајо и во Лос Анџелес и Сакраменто во Калифронија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.