Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска Јаја Туре изјави дека челниците на Манчестер Сити го спречиле да помине повеќе време со неговиот помал брат Ибрахим кој почина минатата недела.
Јаја и неговиот брат Коло во моментов се во Бразил со селекцијата Брегот на Слоновата Коска.
– Признавам дека се уште сум многу тажен. Патам бидејќи чувствувам дека не сторив ништо корисно за него во последните неколку недели. На крајот на сезоната сакав да останам неколку дена со братот пред да отпатувам на подготовките со репрезентацијата, но од Манчестер Сити не ми го дозволија тоа. Ја славев титулата во Абу Даби додека мојот брат беше на смртна постела. Но, за среќа Коло беше со него – вели Јаја Туре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.