Заљубените погледи дефинитивно не лажат! Иако со месеци се зборува дека врската им е во криза, Џенифер Анистон и Џастин Тероу конечно се појавија заедно на црвениот тепих. Последен пат тоа го направија пред девет месеци, а овој пат Џенифер го придружуваше својот свршеник на премиера на неговата нова серија „Остатоци“, која се одржувала во Њујорк.
Парот изгледал пресреќно и заљубено, а убавата 45 годишна актерка не можела да ги симне рацете од својот љубен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.