Според новиот извештај, мај оваа година бил еден од најтоплите месеци во историјата. Американскиот државен завод за океани и атмосфера (НОАА) соопшти дека просечната температура на копното и на морето била за 1,33 степен над просекот на 20 век.
– Рекордните, четири до пет најтопли маевим се забележани во последните пет години – соопштија од НОАА.
Најтопло било во источен Казахстан, средна и севернозападна Австралија и во делови на Индонезија.
Научниците веруваат дека температурата е резултат на Ел Нињо, како и на периодичното загревање на Тихи Океан.
Центарот за климатски предвидувања смета дека шансите да се појави Ел Нињо летово се 70 проценти. Последниот се случи во 1997 година и предизвика штета од милијарди долари насекаде низ светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.