Следниов месец ѕвездите и планетите ќе бидат лошо наклонети кон хороскопскиот знак рак.
Ова е чувствителен период за раковите. Можни се периоди на изолација или емоционална дистанца, тешкотии, нарушување предизвикано од надворешни влијанија, проблеми кои влијаат на партнерите, криза и финансиските ограничувања.
Претставниците на знакот кои подолго време се во врска малку полесно ќе го преживеат периодот на криза и нестабилност. Можни се трајни прекини на врската, одложување на венчавката, а и некој нов може да стане предмет на обожување. Се на се, еден вознемирувачки месец е пред вас и затоа обидете се да пронајдете рамнотежа во други нешта. Совет е да соберете внатрешна сила, да дејствувате смирено и да имате многу трпение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.