| четврток, 6 декември 2018 |

Писмата на писателката на „Однесено со виорот“ на аукција

54E000203B77584A9958BA81570F3CF2

Писмата на американската писателка Маргарет Мичел, која го напиша романот „Однесено со виорот“, според кој беше снимен истоимениот филм, ќе бидат на аукциска продажба по пат на интернет до 26 јуни, соопшти денеска аукциската куќа „РР Аукција“.
На продажба се писмата што писателката им ги напишала на обожавателите, а се однесуваат на познатиот роман. На веб-страницата на аукциската куќа се наведува дека шесте писма кои се на продажба се испратени во ноември 1936 година и август 1938 година.
Писмата се проценети на 3.500 долари. Романот „Однесено со виорот” е објавен во јуни 1936 година, а филмот кој освои десет награди „Оскар“ е снимен во 1939 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top