| четврток, 6 декември 2018 |

Белгиското знаме 183 години стои наопаку

Белгиското знаме е единственото кое има обратен редослед на боите отколку што е предвидено со Уставот, односно тоа веќе 183 години стои наопаку, пренесуваат белгиските медиуми.

Знамето е со црна, жолта и црвена боја, додека членот 193 од белгискииот Устав наведува дека „белгиската нација усвои знамето да биде со црвена, жолта и црна боја“, изјави белгиски експерт за уставно право, Јогхум Врилинк.

– Знамето во 1830 година беше црвено-жолто-црно, и тоа со хоризонтални линии. Во јануари 1831 година некој одлучил боите да стојат вертикално за да бидат поистакнати, но при тоа редоследот е погрешно поставен, така што црната боја наместо да биде на крајот е ставена на почетокот – додаде Врилинк.

Според неговите зборови, Белгија е единствената држава чие знаме нема точен редослед на боите како што е наведно во Уставот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top