| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на ЦИА: Над 60 проценти ќе излезат на избори

Граѓаните не се за бојкот на локалните избори, и голем дел од нив планираат да гласаат, покажало истражувањето на Центарот за истражување и анализа (ЦИА)

masa-narod
На прашањето дали ќе гласате на изборите околу 62 проценти се изјасниле позитивно, само 15, 95 отсто кажале дека нема да излезат на гласање, а 21, 58 се уште не знаат.
Повеќе од половина, поточно 56 проценти не го поддржуваат бојкотот на опозицијата, 24 го поддржувата, а 19 проценти немаат став по тоа прашање.

Анкетата на ЦИА е спроведено од 18 до 22 Февруари 2013 година. Испитани се 2.127 по метод на теренско анкетирање. Истражувањето е спроведено во сите градови на државата, согласно популацијата која тие градови ја придонесуваат во вкупната популација на државата, како и запазување на демографската структура на граѓаните по основ на етникум, пол, образование, работен статус, возраст, соопштија од ЦИА.
izvetajzaobjavuvanje11
izvestajzaobjavuvanje2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top