Ѕвездата на акциските филмови и блузер Стивен Сигал, вечерва ќе настапи во рамки на својата европска турнеја со својот блуз-бенд во „Сава центар“ во Белград.
Љубовта кон блузот Сигал ја негува уште од детството, а интересно е дека со музика се занимава многу подолго отколку со актерството. Првата гитара ја добил на својата 12. година, и од тогаш непрекинато свири блуз.
Свирењето го усовршувал со текот на годините, а свирел со највлијателните блуз-легенди, меѓу кои се ББ Кинг, Бо Дидли и многу други ѕвезди.
Концертот почнува во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.