| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени 95 мафијаши во Италија

Италијанската полиција во вчерашната акција од повеќе познати мафијашки семејства уапси 95 луѓе поради уцена, трговија со дрога и перење на пари.

Во текот на овој процес би можело да биде разрешено и убиството на њујоршкиот детектив, кое мафијата го извршила пред еден век.

Двегодишната истрага довела до членовите на две мафијашки групи, кои долго време дејствувале во западниот дел на Палермо.

Последните години, полицијата и обвинителството ги засилиле ударите врз сицилијанската мафија, најмоќната криминална група во Италија, додека нејзиниот пандан, кланот Ндрангета од Калабрија во јужниот дел на Италија, се засили и стана голем извозник на кокаин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top