| четврток, 6 декември 2018 |

Јужна Кореја во потрага по трет премиер

South Korea PoliticsЈужнокорејскиот премиер Мун Чанг-Кеук, кого претседателката Парк Геун-Хје неодамна го именуваше на оваа функција, денеска поднесе оставка поради своите контроверзни коментари во врска со проблематичното минато со Јапонија.

Мун, поранешен новинар и христијанин, беше критикуван по коментарите во црква дека било божја волја Кореја да страда под јапонската колонијална власт на почетокот од 20 век.

Тој е втор премиер што се повлече од функцијата, по поранешниот судија на Врховниот суд, кој поднесе оставка минатиот месец поради прашањата во врска со неговата голема плата по заминувањето од јавната служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top