| четврток, 6 декември 2018 |

Жугиќ се откажа од пратеничка фотелја, остана на штиците што значат живот

zugic

Актерката Јелена Жугиќ нема да го прифати пратеничкиот мандат. Таа останува во театар и ќе си ја задржи досегашната функција, директорка во Театар Комедија. Жугиќ е прва директорка на овој театар, кој се оформи пред некоја година. Конечно, Театар Комедија доби своја зграда, старата зграда на МНТ, што веројатно е поголем предизвик за актерката отколку да седне во пратеничка фотелја.

Жугиќ е следна на листата на ВМРО-ДПМНЕ, откако директорката на Детската клиника во Скопје, Аспазија Софијанова, си поднесе оставка на пратеничката функција.

Таа е на деветтата позиција на листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица. Со оглед на тоа дека токму од првата изборна единица оставки од пратеничките функции поднесоа и премиерот Груевски, како и министрите Диме Спасов и Елизабета Канческа – Милеска, влез во Собранието ќе добијат докторот Андон Чибишев, директор на Токсикологија и пратеничката Светлана Јакимовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top