| четврток, 6 декември 2018 |

Ново издание на „Празник на липите“

abdulah-sidran-

Абдулах Сидран

Денеска, 24 јуни, во 10 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи меѓународната поетска манифестација „Празник на липите“.

Во првиот дел на свечен начин ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“ на македонскиот поет Бранко Цветкоски и поетот од Босна и Херцеговина Абдулах Сидран. Наградите ќе ги врачи претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а за творештвото на Цветкоски и Сидран ќе зборуваат Илија Велев и Соња Стојменска Елзесер.

Манифестацијата ќе ја отвори претседателот на Организациониот одбор Владимир Мартиновски, а покровителот на „Празникот на липите“, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, ќе ја испрати традиционалната Порака до скопјани.

Градоначалникот Коце Трајановски гостинот од БиХ Абдулах Сидран ќе го прогласи за почесен поет на Скопје. На поетскиот митинг, во 12 часот, ќе настапат 28 поети со стихови посветени на Скопје. Поетската порака ќе ја испрати Мирче Нешовски, а програмата ќе ја води Александра Велинова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top