| четврток, 6 декември 2018 |

Претпладне пеколно топло, попладне дожд

toploten-uda

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и топло со темератури до 34 целузиусови степени.

Попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со локален дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Ќе дува умерен, кон крајот на денот во западните делови и засилен ветер од западен и југозападен правец.

Во Скопје претпладне сончево и топло, а попладне со развој на нестабилна облачност и со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 32 степени.Индексот на УВ-зрачењето ќе изнесува 8.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top