Германија спроведе истраги во 200 живинарски фарми обвинети дека продале милиони јајца и други производи етикетирани како органски, иако биле произведени на конвенционален начин. Скандалот е на насловните страници на сите весници во Германија и доаѓа неколку недели по откривањето на коњското месо во смрзнати јадења, кои се етикетирани како телешко во повеќе европски земји.
Според германските регулативи јајцата можат да бидат етикетирани како „био“ или органски, доколку потекнуваат од кокошки кои се чуваат во специфични услови и не се хранат со антибиотици, хемиски и генетски модифицирани состојки. Фотографиите, објавени од една група за заштита на животни, кои беа објавени денеска во германските медиуми, прикажуваат кокошки, кои се чуваат една до друга во метални кафези, а на повеќето од нив им недостигаат пердуви и се прекриени со рани.
Неделникот „Шпигел“, кој го разоткри скандалот пишува дека се спроведени истраги во околу 150 фарми во Долна Саксонија и 50 во други германски сојузни држави, но и во Белгија и Холандија.
– Доколку обвинувањата се покажат како точни, ова ќе претставува измама од висок ранг – измама против потрошувачите и против многуте чесни германски органски фармери, изјави германскиот министер за потрошувачи, Илсе Аигнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе
-
Ќе одите на одмор во Грција? Еве какви се цените…
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот