| четврток, 6 декември 2018 |

Центар и Чаир без вода, Карпош и Кучевиште без струја

voda_nema

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје информира дека денеска без вода ќе бидат жителите на Центар и на Чаир, а без струја корисниците од Карпош и во Кучевиште.

Заради технички зафати во електро-системот без електрична енергија ќе останат жителите на улицата Прашка во општина Карпош во периодот од 8:30 до 15 часот, како и жителите од Кучевиште, улицата 1 и околу црквата од 9 до 15 часот.
Без вода поради изведување на водоводен приклучок ќе бидат корисниците од булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин број 12. Прекинатото водоснабдување ќе биде од 9 часот и ќе се однесува на корисниците на дел од булеварот кои живеат и работат на протегот од Стара Железничка до гирекцијата на Макпетрол, до изведувањето на приклучокот.
Поради изведување на водоводен приклучок на улицата Серава раскрсница со Коста Абрашевиќ, прекинато водоснабдување од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата Серава, Коста Абрашевиќ и Гинекологија Чаир, до изведувањето на приклучокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top